интернат (имн.) - во (предл.)

Тој беше сместен во интернат во АНН Арбор, студентски град во близина на Детроит.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Татко ми не поверува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Оливие и Ален беа сместени во некаков си интернат во близината на Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)