интересирање (имн.) - за (предл.)

На крајот, привлечноста на фракталот влијае врз подемот на интересирањата за науката кај младите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Леон ѝ го купи првиот инструмент, ново пијанино нарачано од Виена, веднаш штом Агата го покажа првото интересирање за музиката, а подоцна и првата флејта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Интересирањето за предметот ќе ме оправда ако овде опширно и буквално ги наведам клучните места од Абеловата расправа (иако испуштајќи ги повеќето примери).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Удоволувајќи им на моите фактографски интересирања за сложената материја што се нафатив да ја обработам во оваа книга, г Кунио ми испрати неколку исклучително значајни книги, што претставува великодушен гест за кој му должам искрена благодарност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За прецизните сугестии за надополна и уточнување на последната проза од оваа книга, длабока благодарност им должам на д-р Исак Нехама, ветеран од Втората светска војна и активен волонтер на Музејот на холокаустот во Вашингтон, како и на г. Роберт Бедфорд, извршен директор на Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Следниов цитат е извод од писмата на бивш пациент кој знаел за моето интересирање за потребите во околината. Ми го испрати др. Хофер.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)