интервју (имн.) - ќе (чест.)

Шармот на невидливото ќе го опседне и тука навистина ќе наликува на тебе;  ќе пребарува по писмата, песните, интервјуата ќе разговара со современиците, преживеаните ќе ги препрочитува нивните мемоари и дневници ќе гази по рабовите ќе се загледува де на лево - де на десно одржувајќи рамнотежа за да стигне до крајот  со непрестан зазор да не би да падне некаде на полпат како тебе. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
По многу години од Арагон, еден друг, исто така, творец на уметничкиот израз - филмски актер, во едно интервју ќе каже дека изиграл театарска претстава само поради тоа што во публиката забележал две очи кои му испраќале така топли, така искрени и полни со разбирање, погледи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со следново интервју ќе видиме како кликерашот се снаоѓа во оваа околина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)