инсистира (имн.) - дека (сврз.)

Јазикот на теоријата на информации исто така често се применува на билошки системи. Rychlack прави особено чудна грешка во своето инсистирање дека компјутерите се ограничени на она што тој го нарекува Булова логика, којашто тој ја карактеризира со користење на исклучителната (екслузивна) дисјункција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Целта беше да се искаже нашето лично и колективно инсистирање дека ХИВ/сидата беше катастрофа во доменот на јавното здравје, дополнително отежната од незаинтересираноста и од хомофобијата, а не производ на внатрешната логика на самата машка хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако бродвејскиот мјузикл имал обликувачко влијание врз карактерот, светогледот, вкусот и вкупната сентиментална градба на протогеј-детето што растело во 1950-тите, тоа е затоа што му овозможувал фигуративен јазик со кој ќе им дава систематски и јасен израз на „оние претсексуални стварности на геј-искуството“ што му го обликувале субјективното постоење во таа непријателска средина (26; додадов курзив за да го нагласам Милеровото инсистирање дека може да постои геј-искуство пред сексот – односно дека, бидејќи „геј-искуството“ вклучува многу димензии на субјективниот живот што ја надминуваат истополовата еротичност, возможно е да му се припише конкретно геј-искуство на дете кое допрва треба да изгради некаква јасна слика за насоката на својата сексуална желба што ќе се јави понатаму).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)