иницијал (имн.) - од (предл.)

На негова иницијатива, еден тиражен весник отвори специјална рубрика, во која доктор Миха еднаш неделно одговараше на прашања од читателите; читателите се јавуваа со иницијали, со псевдоними или анонимно, изнесувајќи свои случаи или случаи на свои; а доктор Миха им одговараше опишувајќи различни слични случки од својата псијихатриска практика, гарнирајќи го тоа со популаризирање на најновите достигнувања во таа област, и, се разбира, почитувајќи го интегритетот на своите дотогашни пациенти со тоа што наведуваше само еден иницијал од нивното цело име.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше жешко; се потевме сите, и сите беа среќни, а мене душата ми боледуваше по Луција, која седеше како самовила на ливадата, како пеперутка, како буквата „Ж“, иницијал од древни ракописи, меѓу своите другарки, дробни букви; беше најубава, најзрела од сите, вистинска буква-девојка, сета во црвено облечена; седеше таму и си потпевнуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)