инает (имн.) - ќе (чест.)

Ама не оди тоа така зашто „цуцата“ за инает ќе пробува додека трките не завршат и, на крајот, ќе сака еден ден да преспие за да ѝ легнат впечатоците.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И кога ќе станам, за инает ќе им ја изгаснам оваа свеќа што запалена ми ја држат над креветот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И, како што се велело, не се живеело со инает, туку за инает, како можен стил на живеење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османците инаетот го оставиле во аманет за идните времиња, но со надеж дека инаетот ќе остане во самиот себе, без да се пренесува на другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)