име (имн.) - ќе (чест.)

Работејќи на оваа проблематика ме „загрижи” помислата дека Marcel Duchamp сиве овие ненадејно надојдени имиња ќе го преплават светот не оставајќи ми простор за личен избор.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Карло четвртиот спокојно си денгуби во градината и го предвидува векот кога баш неговото име ќе му го стават на еден хотел во Прага.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ранетиот Гарибалди се мачи да не офне оти во Пиза озборувањето е прилично распространет спорт и од едно обично офкање мигум се прави претсмртен вресок.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
— Аман де! Ако го сторите тоа, дури тогаш твоето име ќе остане вечно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- А што име ќе му дадеш, море Бојанчо?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Утре, кога ќе ја пишува некој историјата, нашите имиња ќе ги најде таму.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Претставителите, чии имиња ќе ви ги набројам подолу, на вашите читатели бездруго ќе им се чинат многу малку, кога ќе има предвид статистиката на бугарскиот народ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас не ги сфаќав неговите објаснувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- На мајките, и без да им го спомнуваш името ќе знаат да ти го прослават именденот - ми беше одговорил.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми се причини дека ме воведува во некоја игра за која немав слушнато, а од која сепак, на крајот, ќе се појави некое чудно, можеби и непријатно изненадување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како одблесок се нижат деновите и ние се враќаме со мислите на боиштата, во туѓината, се враќаме во тоа наше постоење таму и тука, во нашето вчера и денес и не поткачува прашањето – а утре чија слика ќе се појави во весниците и чие име ќе го слушнеш во телефонската слушалка?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јас реков „Кое име ќе ми го дадете?“ Тој рече, „Кос“. Знаеш што е кос? Птица.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас реков, „Во затвор полн со дрогераши, сите ќе знаат дека не се викам Кос. Одбивам.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој рече, „Добро. Ќе мораме да те ставиме во самица.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Кое име ќе ѝ го дадеш?“ „Хајнерле,“ рече. „Куклата е јас,“ и се насмевна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ти ми рече – кога умира, човек излегува од телото како што раката излегува од кукла.“ „Така е,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со тоа име ќе се наречеше некој од Словените ако требаше да се различи себеси од некој Романец или Германец, и тоа не секаде само тоа се употребуваше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЛУКОВ: Да, ќе заборавев. Моето име ќе биде Рилски.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Ајде да го плачиме! - си рекле обете умници жени.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден, предеешчем си крај огнишче снаа и свекрва, снаата ја опитват свекрва си: - А по ти, нано, кога ќе ни се роди детево, шчо го носам во мене, какво име ќе му клајме?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ваква будалшчина - повторил старијот не ќе се наождат на веков!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ана, твоето име ќе биде втиснато врз мермерот на славените!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Камилски, занесен во играта на значењата на зборовите, заведен во нивниот лавиринт, го губеше чувството за време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поради преубавите керамички плочки своето име ќе го добие и цариградската Сина џамија (наспроти Аја Софија).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На овој даб името ќе ти го напишам дождовите да го симнат жедните в земја да ги напоиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Чуму си црна јаловице Умри, Врз каменот името ќе ти го напишат Дождот ќе го разнесе Дождот ќе го разнесе Земјата да ја нахрани.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Наслоните се врз каменот името ќе ѝ го чуете.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Стрвоста и поривите ќе ни ги припитомат и превоспитаат: на туѓи имиња ќе се одѕиваме како на свои.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе загинете по некои дупки, ќе ве изедат пајажини, името ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Овој ќе биде прав Турчин”, си рече Петре, и почна да мисли какво име ќе му даде оџата во џамијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јосиф воздивна тешко: „Децата се негови, негово име ќе носат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)