име (имн.) - најчесто (прил.)

Мотивацијата за избор на псевдоним или на друго име најчесто произлегува од профилираноста на самата работа со која дотичниот уметник се занимава, односно во центарот секогаш е артистичкото дејствување кое го насочува и влијае на неговиот избор обликувајќи се во името како проектирана слика на самата личност и нејзината уметничка активност: Banana Queen, Texas Postal Art King, Art Tart, итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Словенските имиња најчесто се завршуваат на – слав: Светислав, Венцеслав, Борислав и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше како дома, меѓу сите нив, оној црвенокосиот Ристан, за кого никој токму не знаеше да каже од каде е, се прилепи со нивната тајфа, а сега беснееше со своите послушни раце по нивното градилиште, со душа блага и длабока како питомиот црнозем на тоа маслиново поле наоколу, неговото име најчесто се извикуваше крај сите потерани ѕидови, сите како да му зборуваа нему и сакаа да се шегуваат со него, сите тие денови, останати во детското паметување, полни со тоа црвено јужно сонце и набрекнати како зреани црешни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)