име (имн.) - свој (прид.)

Колку пати и на јаве така сум го слушала името свое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во моето месо имињата свои ги издлабивте но некаде јас пак ќе ви ги вратам.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Оној кој збори туѓи јазици на соне зазира ли од заветот во којшто „никој не се срами што страда и вика од бол“15 зазира ли од името свое култот свој, па се таи, таи, притајува во еден друг бог - матичен?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А оној другиот аманет на татко му, за наука, сега му ја дава способноста со ова перо да го напише она што му лежи на душата, си помисли тој и продолжи да пишува: „Тогаш еден меѓу вас, едноставен човек од народот што не го кажа името свое, ми рече: ’Павле, фалејќи ја нашата трпеливост и издржливост, ни кажуваш оти Бог нè сака и нè одбрал да бидеме Негов народ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А кога ќе пораснеш ќе си го прифатиш името свое и не се делиш од него.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)