име (имн.) - ми (зам.)

Мене сите ме ословуваа со Софи иако вистинското име ми беше Софија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ми се јавува во сонот еден чо`ек, вели името ми е Аџи Кљак-кљак.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Па, нека му е со среќа!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И сам сум си кум. Името ми е бес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Името ми е Сандри, ама ме викаат ибн Тајко, по татко ми”, рече некако покорно Сандри, опчинет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ТОМЧЕ: Стојанко, зошто така зборуваш? Си чула од мене такви зборови?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Јас сум црна Циганка, јас сум селанка, името ми е селско, јас сум од сиромашка куќа, сум проста, не знам за ред и чистота...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зашто името не ми е смрт. Името ми е рамнодушност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Името ми е судбина, во мојот крвоток тече закон.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чунки сам знаеш ти стрико; те молам, стрико, ако е кабил, кажи ми како ти е името? ( „Името ми е, Силјане, му рекол домаќинот, Аџи Кљак-кљак, внучко!“)
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ами лели едно ме видоа и на име ми рекоа и ме однесоа дома, та ме нагостија и многу ме честија.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Името ми е, Силјане - му рекол домаќинот - Аџи Кљак-кљак, внучко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И сам сум си кум. Името ми е бес. Моите заби во коренот чуваат отров.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со прсти ќе копаат под себе да се покријат со земја и со заборав зашто името ми е победа. ...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)