име (имн.) - го (зам.)

Но јас, треба да речам, заминав и заради уште нешто, нешто што ќе треба да се објасни - зовот на мојот предок, големиот добротвор Никола Поцо, чие име го знам, а само малку од делата кои сакам да ги запознам и, ако е можно, да ги повторам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Иако уште во раниот период кај Ворхол има обиди за сензационални сижеа, неговиот интерес во звучниот период се поместува од дејството на јунакот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ворхол во тоа име го ангажира и сценаристот Роналд Тавел, па дури во еден момент ги откупува и правата за романот „Пеколниот портокал“ на Ентони Барџис според кој е снимен Vinyl (оваа верзија ѝ претходеше на Кјубриковата).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Под неговото име го додадов и моето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од тој ден станавме седуммина... Неговото име го допишавме на дрвото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Неговиот дедо, чиешто име го носи, има голем придонес во развојот на една машина налик на компјутер, што во Америка беше рекламирана како „Бароузовиот калкулатор”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тогаш се роди идеја за планинскиот човек -Маклабас (името го даде Поп) некаков балкански еквивалент на тибетанскиот снежен човек -Јети или на северноамериканскиот Big Foot или Sasquoshe како што го нарекуваат северноамериканските индијанци - примитивен шумски човек кој живее во непрегледните шуми на државите Орегон и Вашингтон. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 35
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Гротеската своето име го добила од “grotto”*, од тие јами; претходно зборувавме за лавиринтските патчиња и за начинот на којшто тие, во стилот на “орнаменти”, што е претходница на духовно поедноставената “апстрактна” уметност, се губат во псевдоспекулативната мешавина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Вистинското име му е Фридрих Стовасер (Friedrich Stoњasser), а името го сменил 1949-та г., кога дознал дека во словенските јазици „сто“ значи „стотина“ (германски Hundert), па така го превел своето презиме во поетскиот облик „Хундертвасер“ или „Стовода“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И за миг ми се присторуваше дека го здогледувам татко му Ведран.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А подоцна, кога веќе беше роден, многу често, само и да помислев: "Мој Иван е овде" - веднаш ми се причинуваше дека тоа име го слушам изговорено од некого и тоа на сет глас, иако јас молчев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тоа, замислете си, во очите на мојот син Иван го здогледував Ведрана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тома најстариот внук од сите внучиња, Тома гордост на дедо чие име го носеше. Тома љубимецот на целото семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Местото се вика Perrenjas и името го доби од многуте долишта што се наоѓаат на планините западно од населбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Новото име го носи по презимето на човекот кој од Атина со една шепа платеници (и тој платеник) тргна да ја ослободува Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
8. На граничниот премин Кристалопиги – како што погоре е речено -по старо селото се вика Смрдеш, името го носи по кристално чистата вода што извира од планинскиот извор покрај црквата Свети Ѓорги, една од најубавите во костурскиот крај, полицаецот лист по лист ги прелистува пасошите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Одломката од Џојс е идентификувана: потекнува од Портретот на уметникот во младост, и гласи вака: “чувството на страв од непознато го допре срцето на неговата досада, страв од симболи и знаци, страв од човекот налик на сокол чиешто име го носеше полетувајќи од своето заточеништво на крило исплетено од врба, Тот, бог на писателите, кој со трска пишуваше врз таблица и на својата тесна ибисовска глава носеше рогата месечина.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа одломка се наоѓа помеѓу два наводи преземени од Борхес, кои се дадени - helas - во француски превод, и чиишто извор не е наведен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наставничката Рада имаше само една забелешка: зошто песничката не е за другарот Македонија., прекалениот револуционер, чие име го носи училиштето, и како таков претставува инспирација за секој добар ученик.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А Темелко, дете мое, е другарот М., чие име го носи вашето училиште...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога и денес го повторувам воведот во Словото, во мојата свест јасен како алхемијата на шестте имиња – gains Valerius Cattulus, Quintius Horatius Flaccus, Publius Vergilius Maro, Albius Tibulus, Sextus Propertius, Publius Ovidius Naso – што затекнувајќи ме на последната страна од читанката по латинси, во мене ја зачна непресушната жед кон хармонијата, го гледам Таткото како од градината со премолчени имиња го извлекува змивчето, му дозволува бесно да го касне, а потоа мирно да се склупчи на неговата дланка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како се викаше таа војска? Чие име го носеше и кој ѝ го кладе?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но тоа име го искажуваше презирот на Грците, а не и достоинства на Бугарите, затоа се придружуваше со зборот тврдоглави или „хондрокефалос”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми се допаѓа, името го прифаќам со задоволство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Јас сум... - Знам, твоето име го запаметив уште во автобусот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Направи неколку чекори кон бирото на Волнаровски и, надвиснувајќи се над него, со подбивна сериозност во гласот, му рече: „Нејзиното име го очекувам од вас!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Елена забележа дека неговото име го изговори сосема обично, како на човек кого го познава. Рамнодушно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Така: Вите се заселил во оваа котловинка и ги удрил темелите на сегашното Витолишча; по неговото име го добила името и самата населба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мене оваа каменеста родница ме родила и овие стебла веќе што се веднат во кората моето име го чуваат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Неговото име го прочитаа меѓу неколкуте први.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Би можел да ја вика Слободанка, но тоа име го потсетува на една непријатна личност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Едо Бранов!... Се кладам дека тоа име го знам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеш ли да му ја поматиш верноста кон земното, додавајќи знак по знак откривајќи ги срамните делови на твојот систем загадочниот метод небесниот свод- дом за да може да оди по истиот пат и да стига до истата цел човекот, оној кој над црната точка стрепи по сличното, од различното стрепи спојува еден со друг: еден и еден, два со два, седумдесетидва името го дели на четири елементи – I.H.V.H. тетраграматонот го врти, го враќа ред по ред реди вистината на скрбта ја учи завист и суета, суета и завист сѐ е бесценет камен, а број свет и сила равенката меѓу нив се припикнува како вода меѓу шуплинките во карпата како зрак во мрачна капела бели точки на црна површина поделена на две: еднооко човече дворог Пан троока нимфа четириаголен круг пирамидална петка црно на црно расфрлан, разигран Ум на Светлоста Умна светлост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одовде е тешко да се разбере вистинската состојба, но би сакала да помислам, дека свети Климент Охридски, чие име го носи вашата улица, ќе ве штити вас и целото семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Освен тоа, ако овие две европски топографски имиња го изгубат нивното географско значење - ако „ura-P” (Europe) се испушти од „the Jura-Paris road” - тогаш она што останува, откако името на ”Paris” ќе се изговори на француски, е „the Jarry road”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Што можете да кажете повеќе од она што веќе во ваше име го кажав во мојата пиеса?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Брат ми многу се занесува за него, а мене тоа воопшто не ми се допаѓа, оти истото име го прочитав на еден плакат што е залепен над неговиот кревет, на кој пишува „Дрогата ги уби“ и под насловот има многу сликички на пејачи и актери што умреле од премногу земање дрога.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)