име (имн.) - бев (гл.)

Татковото име беше забележано во пошироката редакција на Турските документи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Имињата беа тука за себеразбирање, за разумност на предметите и луѓето, за сотворение на малите билки едночинки и ситните животинки, за дарување кога поривот нѐ напушта слично на потребата од нивното постоење.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Судот експресно го прогласи дедо му за виновен и мораше да одлежи казна затвор од 3 години, а целиот имот и станот кој се водеше на негово име беше конфискуван.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Немаше никакво сомневање дека се тие: и нивните имиња беа испишани под фотографијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изабел, нејзиниот сопруг Бертран и тројцата синови од кои најголемиот беше момче од дванаесет години и се викаше Оливие, средниот чиешто име беше Ален имаше десет, а најмалото момче Патрик имаше пет години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Буквално доаѓаше од секое радио и стан и бар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Униформата Sgt. Pepper стана обавезен дел од гардеробата на сите клинци - војничко сако со висока крагна и црвени еполети и тесни панталони - повеќе никој не носеше yвонарки. што се однесува до фризурите, куп момчиња носеше фризура „а ла Кејт Ричардс” - разбушавена на сите страни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Џеки ми ја претстави плавата: „Хоуп Слејтери”, тоа беше името што Кенди го користеше во тоа време - нејзиното вистинско име беше Џими Слејтери и беше од Масапек, Лонг Ајленд. (...) Sgt. Pepper беше хит тоа лето.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Главниот јунак ми асоцираше на Матеј. Неговото име беше Барни.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Други извори тука околу мене од кои би можел да дознаам повеќе отколку што знаев за човекот чие име беше испишано на металното парче, немав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој беше член и истовремено претседател на независниот синдикат на железничарите при ЈП „Македонски железници“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој синдикат, чие целосно име беше Независен синдикат на сообраќајниот пер- сонал на железничарите на Македонија, а од 2005 се преименува во Асоцијација на независни синдикати на сообраќајниот персонал на железничарите на РМ – „Железничари“, уште од порано т.е. од самото формирање не беше и не е дел од ССМ и дејствува сосем самостојно и независно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога дојде првиот список со парите за џепарлакот, на него нашите имиња беа напишани на грчки.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Неговото вистинско име беше Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа име бевме ние таму, во Сук...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сликарот, чие име беше Фридрих Рихтер, бил од околината на Минхен; кога им се родил синот, тој и сопругата живееле во Виена – потоа пак отишле на имотот крај Минхен, а сега се вратиле во Виена затоа што слушнале дека доктор Ото Ауербах, професорот на брат ми, може да им помогне на деца во чија душа се вовлекла тагата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бидејќи доктор Ауербах верувал дека блискоста со другите деца ќе му помогне на Рајнер, тој во својот дом му овозможил на Фридрих Рихтер да им држи часови по цртање на децата на професорите на Медицинскиот факултет, кои биле на возраст на неговиот син.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите општо-познати уметници отсекогаш биле проблем - Ван Гог, Мондријан.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Едно од нашите најрани имиња беше Marshmallow Естети.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)