илјада (имн.) - франк (имн.)

Еднаш Стојче добил десетина илјади франка и оттогаш постојано игра, и се надева на некакво изненадување и на некоја голема премија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Навистина би му дал педесет илјади франци на оној кој би ми помогнал во оваа работа.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Па, прилично – многу великодушна награда – не сакам да кажам колку точно; но едно сакам да знаете – не би ми пречело да издвојам чек на педесет илјади франци за оној што би можел да ми го достави писмото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколку минути не изусти ниту збор, не се ни помрдна, недоверливо гледајќи во мојот пријател со подзината уста и со ококорени очи; потоа, доаѓајќи си малку на себе, зеде едно перо, и по неколку прекини и џарења во празно, најпосле пополни и потпиша чек на педесет илјади франци и преку масата му го подаде на Дипен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)