илјада (имн.) - мисла (имн.)

А, сега, сега што да сториме? – си ја мачев главата со илјада мисли. Ептен ја згрешивме работата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Илјади мисли му се плеткале во главата. Најпосле му светнало!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Па, сепак, поголем од стравот како ќе реагираат нашите дома беше овој нов, дотогаш непочувствуван страв, страв од темнината на ноќта во осамен предел и страв од овие непознати луѓе што ги наѕиравме низ гранките.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)