излог (имн.) - во (предл.)

Во оваа посткомунистичка верзија на екстазата на комуникација, јавниот простор сѐ повеќе исчезнува пред налетот на семоќното рекламирање.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Имаше моменти кога и куклите од излозите во градот, особно оние во недоволно осветлените делови на витрините, наеднаш ќе ми се причинеше дека разговараат помеѓу себе, или дека се движат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Примерите вклучуваат пролиферација на надворешното рекламирање кое го уништува изгледот на природните и историските урбани пејсажи, комерцијални настани кои го ограничуваат пристапот до парковите и плоштадите, дизајнот на малопродажните киосци и излози во и околу јавните простори кои не го почитуваат локалниот контекст (со тоа праќајќи сигнал дека тој веќе не ја претставува локалната заедница).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Покрај сјајните излози во кои самозадоволно се огледува нормалноста. Чудаци, почекајте ме!
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)