излез (имн.) - кон (предл.)

Размислував за Татковата судбина, по којзнае кој пат, за неговото успешно провлекување, со семејството, низ лавиринтот создаден од урнатините на трите балкански империи, барајќи излез кон Запад или кон Исток.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко новата мисија со Камилски ја замислуваше како еден вид победа над тишината на книгата, како откриен излез кон вистината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Размислуваше и за четиригласното полифоно пеење кај Албанците, како облик на лавиринт на тоновите, во трага по нивен излез кон вистината за идентитетот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само во уметноста тој е кадарен да оди од онаа страна на анималното, бидејќи уметноста е излез кон областите каде што не владеат просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А јас останав како осамената птица албатрос, тешко да се влечкам крај морскиот брег покрај бункерите и нив­ни­те невидливи стражари, осуден да не го откријам синиот излез кон небото, како птицата, извишена со разиграните крилја, спасена од тежините на копното.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тука беа селата од целата долина заокружена со Сината Планина од југ, со Билга од запад, со големите полупошумени ридја од север и со еден излез кон Монастир, на исток.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се втрчува од еден излез кон друг и ги чита насловите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Стигнат од Истанбул со својот куфер книги, татко ми ќе се војва по балканскиот лавиринт создаден од густи граници, во потрага по излез кон Запад или кон Исток.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Инаку, личеше на дежурна чекална на автобуска станица, во која на едниот крај се издаваат патни билети додека на другиот е излезот кон перонот, а се затвораше само кога се метеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Среде овие градби се ширеше пространиот плоштад, можеби единствен со ваква големина на Балканот, со излези кон Камениот мост и главната улица што завршуваше пред Железничката станица.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- И поголема несреќа! - додаде Игор Лозински, - ќе биде запрен еден излез кон Медитеранот, Атлантикот, светот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа беа книги кои, според Татковата философија на опстанокот, го затвораа излезот кон светот во одредени периоди, кога превладуваа значењата на други книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само тој сметаше дека Дон Кихот не успеал да го најде излезот кон светот затоа што не успеал да го открие вистинскиот распоред на книгите во својата библиотека кои водат кон вистинскиот излез.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко по малку си се замислуваше себеси со донкихо­товска судбина во својот балкански егзил, сметајќи ја својата библиотека како излез кон светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)