излегување (имн.) - од (предл.)

Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Народот од нас чека помош и заштита. Тој што станал комита, не е орач. На комитата пушката му е плугот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се сети за првото свое излегување од селото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Особено во споредба со Холивуд, кадешто техничкото совршенство е императив на професионализмот, Ворхоловите филмови се работени крајно аматерски: тон со лош квалитет, често неразбирлив и таинствен и бука од off просторот во звучните филмови, неизострена и неквалитетна визуелна текстура, излегување од фокусот, осветлени делови на филмот итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во филмовите на американската авангарда имаме наметливо отфрлање и разбивање на сите закони врзани за комерцијалниот филм, не само во однос на естетиката, туку и во однос на чистата техника.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пред ливадите, на излегување од шумата, скршнаа нагоре да пресечат од кај црквето Арангел.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Маргина“ не е против хелиоцентризмот, логоцентризмот (фалоцентризмот!), антропоцентризмот, туку против центризмот воопшто, или, подобро речено (бидејќи перспективно патот кон излегувањето од дихотомиските стапици на умот - е бескрајно долг), „Маргина“ ќе настојува да го афирмира тој (еколошки) концепт на повеќецентралност и да ја унапредува онаа граѓанска свест за релации и релативност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се сеќаваше Мајка и на италијанските војници кои нѐ пресретнале на излегување од ровот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога на неколку чекори на излегување од кафеаната А А. ми рече дека би сакал повторно вечерта да се види со мене, зашто сум навистина многу начитан, но за жал без потребната идеолшка наобразба, јас се согласив повторно да се сретнеме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А да го кажам и тоа дека другарот Едо, бившиот наш директор, на излегување од канцеларијата на правникот, се подврати и ме потсети дека таа пушката на чуварот треба да му ја вратам...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас тогаш преку нашиот човек презедов мерки да се открие причината за неговото излегување од скривалиштето со цел да дознам каде оди и што прави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
При излегувањето од колибата Бојан направи усилба да се заниша на гредата во тремот, но не му успеа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
7. На излегување од Кичево, една група на ОЗНА приведе еден бугарски војник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е излегување од сцената, финале на славниот еп на твојот живот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не се случувало тоа често На излегување од претседателската палата ме пресретнаа неколку новинари и телевизиски сниматели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но моите замисли одеа во прилог на државата Тунис, но кои не ги исклучуваа и моите амбиции за самодокажување, наложување, излегување од просечноста, со која бевме главно класификувани амбасадорите од малата Република Македонија во југословенската федерација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таму во Ташкент не престанавме да се прашуваме зошто тие по излегувањето од Сибир, не најдоа храброст да се појават пред поранешните борци, сега работници во советските заводи, во фабриките на Чехословачка, Унгарија, Романија и во Полска?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мајка, на излегување од стоковната куќа, како подарок, го добила годишниот каталог на Ла Ринашенте, главно за пролетната мода на 1939 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Балканот, Солун, прагот за влегување и за излегување од Европа, е простор што не го одминаа и последните светски судири.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)