излегување (имн.) - во (предл.)

Тоа се повторуваше при секое повторно излегување во градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почнав за психо-вежби да го користам и секојдневното излегување во дворот на клупата под сенката на закржлавената дудинка покрај улицата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ми фалеше излегувањето во град, градската шема, пиењето кафе, шетањето на кејот на Вардар каде сите убаво облечени и нашминкани позираа на пладневното сонце.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Практично ми фалеа луѓето, дружбите излегувањата во Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Првото излегување во дискотеката Елемент во која ме однесе постарата сестра која студираше таму, ми вдахна посебна љубов, специјално за ноќниот живот во тој град.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)