изглед (имн.) - покажува (гл.)

На некого му расцветал лактот, на некого панталоните, некој е целиот засален, а општиот наш парталав изглед покажуваше дека пред интернатската управа стои за решавање еден комплексен проблем на преоблекување и преобување, во кој моите чевли се вклучуваат само како ситна подробност, а тоа, се разбира, како и секогаш во такви случаи, ја усложнуваше работата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нивниот забрзан изглед покажуваше дека идат нарочно за овде и дека веќе се плашеле дали ќе стигнат на време и сега се среќни дека изложбата уште не е затворена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)