извештај (имн.) - американски (прид.)

На крајот од својот извештај американскиот разузнавач со право ќе заклучи дека „овие говори, изјави и протести се добар показател за интензитетот со кој народот на Југославија и Грција се однесува спрема македонското прашање, дури и сега пред да биде завршена војната“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговиот заклучок бил јасен во однос на тоа дека „македонското прашање“ „…ќе биде еден од најтешките проблеми што ќе треба да се реши на Балканот“ и дека „без разлика какво ќе биде решението, тоа секогаш ќе наиде на жестоко спротивставување од едната или од другата страна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)