извести (имн.) - дека (сврз.)

Со мојата аверзија кон оружјето, но и кон убивањето на невините животни, јас бев навистина атипичен за средината во која требаше да се покаже комплетен капацитет и компетентност. Но не бев осамен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колку голема беше радоста кога доби известување дека е примен да студира на YALE со целосна стипендија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
6. Посебна заштита на одредени категории работници Со измените и дополнувањата на ЗРО во периодот на нашата анализа се интервенираше и кај посебната заштита на следниве 35 категории на работници – (1) работничка за време на бременост, раѓање и родителство; (2) младите лица; (3) повозрасните работници и (4) инвалидните лица, и тоа: a) најголем дел од овие измени ги третираа правата на работничките за време на бременост и по породувањето, а се сведуваат на следново: ● прво, беше предвидена обврска за работодавачот, штом добие известување дека некоја работничка е бремена, да воведе повеќекратно оценување на ризиците во текот на различните фази на бременоста, кои негативно би се одразиле на нејзиното неродено или новородено дете.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И кога неколку месеци по државниот удар ми се јави лично шефот на дипломатскиот протокол, со известување дека се организира матанѕа, односно со барање за учество, јас морав да ја покажам својата неукост и да запрашам: - Проштевајте, рековте - матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако страните не постигнат спогодба, посредникот е должен во рок од 3 дена од завршувањето на постапката за посредување да изготви писмено известување дека не е постигната спогодба, односно дека посредувањето е неуспешно и истото да го достави до двете страни и работодавачот (чл. 26).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)