избор (имн.) - од (предл.)

Тешко ни е кога некој што го сакаме ќе направи поинаков избор од нашиот, кога постои дисиденција во мислењата, дисјункција на желбите, кога ќе одлучи да живее поинаку отколку што ние живееме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
3. Понатаму, со промените на ЗРО (1993), дојде до измени кај процедурата за огласување на работните места и избор од пријавените кандидати.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Претприемчивите грчки угостители распоредиле неколку ресторани од кои на масите крај брегот сервираат богат избор од морски плодови.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
8. Треба да потенцираме дека со ЗРО (2005), во доменот на засновањето работен однос, беа избришани две важни одредби: •  прво, повеќе ги нема одредбите со кои се пропишуваше кој работоводен орган ја носи одлуката за потребата од засновање работен однос, како и онаа за изборот од пријавените или упатените кандидати (чл. 12-13, ЗРО/03 – Пречистен текст); •  второ, веќе не се предвидува заверка на договорот за работа (по ново, „договор за вработување“), од страна на Заводот за вработување (чл. 19, ЗРО/03 – Пречистен текст) – па, дури, ни во случаите на најнетранспаретното т.н. непосредно обезбедување работник, од страна на самиот работодавец (по ново „работодавач“) – чл. 22, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Презимињата се наведени според абецедниот ред онака како што стојат во Именикот и претставуваат избор од преостанатите деветнаесет милиони имиња. The falls Интересирањето за можностите една филмска енциклопедија да им биде соперник на Каталозите на целиот свет (Whole Earth Catalogues) од раните седумдесети години и уживањето во составувањето списоци поради нив самите, беа идеи што им претходеа на разни проекти обединети во филмот “The falls”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)