иднина (имн.) - од (предл.)

Сепак ги влечеле колилата оставајќи зад себе меки лепешки и издржувајќи ги животинските патила; луѓето ги хранеле со силата на својата тврдоглавост и со безнадежноста на иднината од која не можела да прожугне ни дива чекутина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Минатото ќе ја истисне иднината од садот денешен. Не сакаме нето разочарувања.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Главите на воловите имале на челата човечки грижи и, една зад друга, потсетувале на ред измитарени султани и паши во рамки, биле подјармени старчиња чии богатства, слави и моќи се слеале во кобна точка од која, пред да воздивнеш, ќе шурне црна вода и ќе ги поклопи сонливи и некогашни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Делењето нѐ загрозува уште повеќе: во иднина од поголемата опитност на нашите непријатели: Бугарија може да склучи со Србија договор за разделување на сферите за влијанието во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)