идеал (имн.) - го (зам.)

Во времето на идеалите го одбра за идол Џон Траволта од филмот „Брилијантин“, а јас си останав Сенди што не ја накадри косата и не облече тесни хеланки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Комесарот се засркна, силно се искашла и скоро со зарипнат глас рече: - Еве го крајот на заклетвата што никогаш не смеете да ја заборавите: - дека мој идеал е слободна и демократска Грција, напредокот и среќата на мојот народ и во служба на овој идеал го ставам оружјето и мојот живот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со извесност можеме да претпоставиме дека Понтормо, како Леонардо и Микеланџело, својот идеал го наоѓал во сликата на платонскиот и не само платонскиот ефеб.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)