зурла (имн.) - и (сврз.)

Лазор, уште позасрамен, само се вртеше во круг како уловен во стапица и чувајќи се на биде потфатен и уште веднаш, уште и незапочната борбата кутнат, (имаше скроено план ко ќе подмини борбата, за да си ги прекине маките, сам да му се предаде на противникот) со поглед, меѓу прилепските првенци, го бараше Максима.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На знак на Абдурахим Али и при уште посилно трештење на зурлите и тапанот, борбата отпочна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Истовремено со нив пристигнуваа и музичарите. Надалеку ечеше звукот на зурлите и тапаните.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Истата вечер, звукот на гајдата го облеа небото, зурлите и тапаните трештеа низ кориите, одбивајќи го својот звук од младите букови стебла.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Одејќи по звукот на зурлите и бувтањето на тапаните, дојдоа до куќата на Китан.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Секоја нова естетика, што тој недограѓанет селанец не може да ја препознае како гајда или опинок, како зурла или тапан, макар таа и да произлегла од гајдата, зурлата и тапанот, за него, господа, е комунистичка естетика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дали дајрето пак се затресе? Дали зурлите и тапаните си го голтнаа здивот, та зацари таква тишина?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се слушаше „ишала“ и „машала“, а зурли и тапани сосила свиреа некаков марш, додека еден келеш од другата страна на мердевините бесно тресеше дајре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
СУЛТАНА: Бев на свадба. Имаше турли, турли јадења и пијачаки и зурли и тапани и веселба до три дена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СУЛТАНА: Бев на свадба. Имаше турли, турли јадења и пијачки и зурли и тапани и веселба до три дена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)