зрнце (имн.) - сол (имн.)

Јаренцето ги познаваше многу добро неговите раце и сега тоа ги лижеше нив, задржувајќи се со јазикот најмногу на неговите нокти, на јаболкцата и на подноктиците, каде што остануваа скриени зрнцата сол во поминатите денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откај паметникот Голијат ќе ја раскрилувал престолнината на вистината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И да бидеш среќен што си мало зрнце сол во големата, испомешана, вкусна, во три води варена манџа на народите.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Неговите фрагилни монтажи од зрнца сол и silver glass како да се валкаат по бетонската падина на Guggenheim, како да ја препознаваат оваа филозофски погубна положба. Richter, исто така, е жртва на погрешно толкување.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ноќта да стои во став мирно, во ноќта луѓето потајум да си се бараат самите себе си, севезден да седат голи и боси, да сушат алишта и чорапи на полна месечина, да јадат тврд леб и меки патлиџани, со некое зрнце сол.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)