А ги фаќаше сосем просто: на долг конец, на растојание од една до две педи, нанижуваше зрна пченка; кога ќе го клукнеше птицата зрното - заедно со него го голтнуваше и конецот; и на тој начин беше фатена; попусто преткаше и скокаше не можејќи да го истрга зрното од желудникот заедно со конецот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На мермерното чело - модри жилички, зад црвените школки на усните - бели зрна пченка. Еј! Џо! еј, Џо!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Налет друго, велеа оти Петре, како даскал, ќе тепал на мртво и ќе нѐ ставал со голи колена врз зрна пченка.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ископа едно камче што личеше на зрно пченка, го вкуси, брзо го плукна и испушти неколку разлутени кукурикања, кои повеќе звучеа како ’ржење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)