зрно (имн.) - се (зам.)

ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Собрал од самоникнат пченичен клас зрна и ги фрлил во ореницата. Од зрната се развиле класја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Затоа не се чуствувам веќе мал и ненужен...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Гоце се поткрена. Еден куршум го боцна во градите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дваесет огнени пушки згрмеа, дваесет жешки оловни зрна се забија во крв и месо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Проклет да бидам, сето тоа толку убаво, чудесно се покажуваше во таа пустелија, како чисто зрно се делеше од општиот живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)