зрак (имн.) - му (зам.)

Во целата таа мака, блед, испрекинат зрак му се плеткаше во душата: што не избрза и не испрати абер во Ресен: „Барем татко ми да не црвенее пред овие...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Прем самиот крај на отворот, од каде што дневната светлина, со силен сноп зраци му ги заслепи очите, почувствува дека јажето попушта, се истенчува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потем: светлина звучна со сите бои во неа; светлина што кога влегува во секое нешто, неговиот зрак му го вдахнува и го обојува со бојата подобна за тоа нешто, светлина непроменлива, од прапочетокот, а променлива во стварите кога ќе влезе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)