зрак (имн.) - кој (зам.)

- Јас ќе ти помогнам! - рече Месечината и го пушти својот најсилен зрак кој заигра по лицето на Снежана и ја заскокотка по нослето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Огромното сонце веќе го опфаќаше целото небо позлатувајќи ги сините зраци кои се пробиваа преку чардакот до Татковите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Чанга беше среќен. Тоа го изразуваше со својот широк и благ поглед, како човечки зрак кој допира до душата...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Може, може! - се насмевна Месечината и пушти еден долг, светол зрак кој ги зеде куклата и мечето и за час ги издигна високо, високо на небото.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Наш заеднички епитаф Овој зрак кој утринава незабележливо навлегува во мојата соба, легнува на постелата на која лежам, лази по неа, се искачува нагоре и го допира моето тело, моите раце, лице.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Овој невин, еден и единствен зрак кој ме осветлува и милува утрово стигнува до мене откако претходно допрел и милувал цели 40 000 потомства и ја памети секоја нивна јота...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сончевите зраци кои како рој влегуваа во собата ги почувствува како огнени стрели кои се зариваат во нејзиното тело и вивнуваат во пламен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)