зора (имн.) - и (сврз.)

И така, во пријатна расположба ги затече зората и градскиот телал Дуче со својот барабан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така, префрлајќи се ја дочека зората и стана, се спреми за на работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толе стана пред зора и го побара Бешот и другарите, а овој на брзина му ја кажа новината и му го доведе мелничанецот да слушне лично од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе ве истепаат, зар ќе ви постелат! — му се овргали Толе и на овега, гледајќи во секој селанец плашливец и роб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трипати на ден го менува мирисот: наутро, сѐ додека пука зората и додека врз јасносините и белузнави листенца во капки истрајува росата; на пладне, кога вршник е жегата и квечерум, пред заодот на сонцето - до првиот мрак и првата вечерна роса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Кинисала куса канделина да ми оди у Препреченка на гости во темни зори и магли замаглени; ја пречека тој Препреченко и ја праша: „Каде вака, куса Канделино?“ „У тебе на гости, брате Препреченко”, му рекла куса Канделина, да го видам кога ќе се роди татко...” Што е тоа? „Вошка!” „Не, искра од оган...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Набожно се гледал себеси во светлост на идни божествени зори и ги пцуел четворицата шутови на своето подбивно кралство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И песната мила Македонска стара... На божиќно оро, на тапан се качив... за велигден со гајда се збравме на црвено јајце си шетавме в зори и сѐ ми е мило...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Молчиме ние тој вика Молчиме сите тој пее Прокиснува песната негова во белиот дождец на зората и во полето леко се крие Пред прозорецот отворен молчиме молчиме бессоницата и ние.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)