зора (имн.) - бев (гл.)

- Сполај ти, Господи, сполај ти оти сонцево грејт од кај што заоѓат овде!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
В зори беше издадена наредба да се прекине со трагањето во скривалиштата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со тие зборои и друзи Силјан целата ноќ беше си ја поминал и одвај во зората беше мигнал малку, та коа се разбудил, сонцето беше огреало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со тие зборови и друзи Силјан целата ноќ си ја поминал и одвај во зората беше мигнал малку, та кога се разбудил сонцето беше огреало.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)