значење (имн.) - му (зам.)

На дизајнот во една поширока смисла на значење му припаѓа значајна улога во тоа преструктуирање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Посебно значење му се придава на тоа, што тие практики им наметнувале на индивидуите во врска со нивните односи со самите нив и во односите со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие екстернализирачки разговори се иницирани со поттикнување на индивидуите да ги опишат ефектите од овие практики во нивните животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го покрил челото со дланка. Искинатите зборови без значење му замирале в грло, замреле, стивнале со танок писок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сакате да ме сечете ... Јас сум ... Вие ... Не може тоа ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како евтин парфем, значењето му испари од шишенцето на формата во која дотогаш мирисаше и со својот мирис му ги исполнуваше деновите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)