знак (имн.) - го (зам.)

Носењето на burbery мантилот е одлика на стилот на повисоката средна класа, свесна за длабинското значење на креирањето на поп универзумот. Levi’s Панталоните од груба ткаенина која тешко се кине беа незаобиколен дел од гардеробата на американскиот Див Запад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еволуирајќи од некој вид на продолжено сако до иконичкиот знак на тренчкот, дождовниот мантил дури во средината на педесетите влезе во мода.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Заслуги за тоа секако има и англиската фирма Burbery, која иконичкиот моден знак го претвори во симбол на едно време, специјализирајќи го своето производство врз белите мантили за дожд. Burbery мантилите станаа митска етикета главно поради филмската уметност, особено поради детективските филмови за Филип Марлоу (главен јунак на Чендлеровите романи) или инспекторот Мегре на Сименон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За тажење, досега нигде неслушнато, Неда најпрво знакот го даде; И расплете коси, над мртвото затажи чедо. ..
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
На земјата поставувале зариена прачка и ја следеле сенката на истата, гледајки ја како полека се движи, согласно движењето на сонцето, со знаци го одбележувале тоа движење: како под прав агол тие две, прачката и сенката, формират разни сфери на време во текот на денот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Натаму, со цел создавање на ново писмо, составувачот на ерменскиот алфабет го зема грчкиот систем на писмо и секој негов знак го доведува во корелација со особениот знак во новосоздаденото писмо, со кој се означува типична фонетска вредност на ерменскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По спроведувањето на таа процедура се добива редослед на знаци на ерменскиот систем на писмо, кој целосно е соодветен со грчката алфабетска низа и кој во себе не содржи само неколку знаци со типично грчки фонетски вредности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го покрил челото со дланка. Искинатите зборови без значење му замирале в грло, замреле, стивнале со танок писок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледал низ разбранетост на златни и зелени риги кон купот секакви глави, кон очите во кои животот со свој знак го обележил најтемното во човекот, суровоста, алчноста, себичноста, или само му се чинело дека гледа и дека знае колку им тежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)