зло (имн.) - ги (зам.)

Вклештени во снежниот потоп, злото ги натера мачињата да цицаат на кучка, кучињата на мачка; а многу диви животни што зимата најдоа засолниште по плевните - се спитомија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Фатија да пијат и луѓето што никогаш не пиеле, та кога започна снегот да се топи го газеа и му викаа: „Аха, бегаш, бегаш, мајчето твое!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Злото ги погодува токму нив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пронаоѓањето на љубовта наспроти фактот дека, токму овде и токму сега кога злото ги покжа сите свои заби...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бацилите на злото ги зафатиле и самите негови жртви.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А и луѓето го знаеја и го сакаа, зашто не од едно зло ги спасил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)