звук (имн.) - може (гл.)

- „Тогаш е звукот светло човеково, ваше величество: ништо да не се гледа - по звукот може да се оди и секаде да се стигне”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во паузите меѓу ритмот, гласовите однадвор наликуваа на ѕвецкање прибор и чукнување чаши на тој ист конак на кој, изгледа, некогаш се наоѓав и каде што, заради зачмаеност, секој посилен звук можеше да предизвика необјасниво големо возбудување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)