збор (имн.) - ни (чест.)

Старчето се грчеше меѓу нивните нозе и ми личеше на осакатен јазовец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко и мајка - ни збор ни приговор, ни залак леб, ни голтка вода - саде молчат загледани накај вратата. Две души каменосани.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тапиот поглед на Рада беше закован во една точка. Немаше ни зборови ни солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имаше глас на новороденче - пишти танко и грлено, никој ништо не може да разбере, ни збор ни болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)