збор (имн.) - култура (имн.)

Впрочем, во голема мера ја земаше здраво за готово претставата дека машката хомосексуалност како културна практика се состои од низа поткултурни реакции кон главнотековната култура – имено, од запоседнувањето и преозначувањето на хетеросексуалните облици и артефакти. ‌Но, тешко дека сакам да го одрекувам и да го потценувам постоењето на геј-култура што ја создале гејови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Недовербата спрема светот на интелектот секогаш била симптом на прафашизмот, од Геринговиот отворен став („Кога ќе го слушнам зборот култура, се фаќам за пиштолот“) до честата употреба на изразите какви што се „дегенерирани интелектуалци“, „јајцеглавци“, „јалови снобови“, „универзитетите се гнезда на црвените“ итн.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И самото бескрајно повторување на зборовите култура и културен си е доволно лошо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако во целава книга доследно зборував за машката геј-култура, а не за машката поткултура, тоа не е затоа што се обидував да ја избегнам импликацијата дека машките геј-културни практики со кои најмногу се занимавав се вторични, поткултурни, туку само затоа што сакав да избегнам да го претрупам текстот со таа недрага сложенка од поим.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е израз на отпор кон доминантната култура и пркос против општествениот поредок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една поткултура е во опозициски (ако не и противнички) сооднос со веќе постојниот склоп од авторитативни културни вредности и таа упатува, експлицитно или имплицитно, на свет што самиот не е сопствено независно создание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)