збор (имн.) - кодош (имн.)

XLII И со последниот збор кодош, од својот дел на листата на петте опасни турцизми за кои требаше да реферира, Камилски си имаше големи маки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се надоврза на претходно изнесените податоци за зборот кодош, запирајќи на личното искуство: Во животот видов многу маки од кодошите, имаше меѓу нив што ги знаев, а ме кодошеа, имаше и кодоши кои не ги знаев, бев нивна постојана жртва во војна и во мир.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако потсетија дека за утредента претстои разгледување на судбината на зборот кодош во балканските јазици, тие првпат откако работеа заедно излегуваа во градот среде бел ден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)