збор (имн.) - инает (имн.)

Камилски се обиде уникатното значење на инаетот во балканската архетипска ментална конституција кај одделни народи посебно, да го поткрепи и со неколку фразеолошки докази.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За да го долови подобро и подлабоко значењето на зборот инает, тој се обиде со помош на своите речници да го најде во превод во четириесетина јазици, но со ист корен го најде само во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)