збор (имн.) - лета (гл.)

Наставничката предаваше, ја гледав внимателно, право в очи, веројатно мислеше дека сум многу заинтересиран, ама нејзините зборови летаа покрај мене и низ отворениот прозорец одминуваа надвор - во спокојното септемвриско претпладне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Часот ми беше здодевен и долг.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Една жена, кога некој ѝ зборуваше, постојано ја движеше главата влево и вдесно, затоа што ѝ се чинеше дека зборовите летаат кон неа, и можат да се заријат во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои ги искривуваа лицата, го извитоперуваа гласот, и се претставуваа како ѓаволи, нудеа откуп на душите, најавуваа апокалипси, се закануваа дека на прагот е настапувањето на царството на темнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зборовите летаат и на говорот предметите јаваат по нив, и ние учествуваме во битката - викаме - Ура! - за победата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)