записник (имн.) - во (предл.)

Странката го издава полномошното [mandatum] писмено или усно на записник во судот и таа може во секое време да го отповика полномошното, а полномошникот може во секое време да го откаже полномошното. (чл. 88, ст.1 и чл. 90, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа [како „власотавец“] може да ја измени или отповика изјавата на својот полномошник на рочиштето на кое е дадена таа изјава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За разлика од незаведеното судење, во Дневникот на бригадата беше спомнат датумот кога бил убиен курирот со илегалното име Витан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше подготвен посебен записник во кој беше приложено и признанието на убиецот на курирот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој нов член пропишува дека при вршење на инспекциски надзор инспекторот на трудот е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или работодавачот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Странката што ја застапува полномошник може пред суд и да дава изјави и покрај својот полномошник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Даскалов го водеше нашиот Дневник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одредбите на овој закон не се однесуваат, односно применуваат на самовработените лица. (чл. 3) Во законот е предвидено дека минималната плата изнесува 39,6% од просечната бруто плата во РМ за претходната година, а висината на истата е предвидено да ја одредува Министерството за труд и социјална политика по претходно прибавено мислење од Економско - социјалниот совет. (чл. 4) Надлежен за контрола при исплаќање на минималната плата е Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика. (чл. 5) Предвидено е дека доколку инспекторот за труд утврди неправилности сторени од страна на работодавачот истиот е должен да состави записник во кој ќе бидат утврдени сите неправилности и ќе му остави рок од 8 дена во кој рок работодавачот е должен да ги отстрани неправилностите и истовремено ќе му биде врачена покана за спроведување на едукација на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)