залче (имн.) - леб (имн.)

Децата, црна јас, легнаа без залче леб, гладни. Брашно немаме ни трошка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа ги имаше научено кога си доаѓаа на сите да им даде по некое залче леб и да ги погали и, сѐ уште, како да ја слушам како им вика: Ајдете, убави на баба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
21. КУКАВИЦАТА КУКА ОТИ СВОЕ ГНЕЗДО НЕМА - а човекот, да не биде тратен, залче леб апне и се втурнува во полето дрва и кал да зема па такво гнездо, кукавичино, да направи запне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Рече: „Најдобро е овде нешто да се прави.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На втори петли едно залче леб каснала - не бидувало на гладно срце јајца да се вапсаат - па ја распретала пепелта, боринче клала врз жарчињата, огнот да пламне под котлето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Скршив залче леб, го ставив в уста и го заџвакав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)