залет (имн.) - кон (предл.)

Секој од нас, од семејството, го чувствуваше Татко­виот залет кон полетувањето, носен од сините мисли на егзилот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Енди Ворхол беше еден од првите што снажно и иронично ја поцрта врската меѓу поп(уларното) и арт(ифициелното), а потоа и ја уништи, демократизирајќи го високоумното Дишаново “животот е уметност”, овозможувајќи му многу поширока достапност (токму како што ѝ прилега на Америка!), но притоа задржувајќи ги сите напластени одеци и во банализирањето само влечејќи ги контурите на една инаква културна клима, на еден друг духовен сензибилитет кој и денес сѐ уште го фаќа својот залет кон некои прилично магловити цели.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)