залез (имн.) - и (сврз.)

Ми шепоти: доаѓам од кај морето а Хелен уште чека на брегот шета во залезот и копнее: на секоја самогласка од песната што ја пее светка по една ѕвезда а на нејзината коса еден славеј чека да изгрее месечината. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
ТРЕВА Семето го фрлив со силни зафати на широко од изгревот кон залезот и земјата се посла со жолтите зрна како трпеза од брашно оросена.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Пред десет години Никола Влашки го женел синот и, кога ни по две години не дочекал внук или внучка, сеедно, ја прашал снаата машко ли е момчето и што се случува ноќе кога таа ќе легне со него, ја задева ли, и ги трие ли со дланки јаболката под кошула, легнува ли врз неа, а таа се срамела, бегала од свекорот, но тој и на нива и в куќа сѐ за исто ја прашувал, додека најпосле, еднаш, не му признала дека момчето е машко, повеќе машко отколку што мислела таа за момчињата кога била девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старецот потоа берел секакви тревки и ги варел, ја терал снаата да пие, и пак ништо не помогало, селаните сепак не виделе дека таа оди како да носи лубеница под ленената кошула и не ќе го виделе тоа ако и другиот тревар, Пандил Димулев, не се зафатил да ја лекува, секогаш по залез и без сведок, со денови и со месеци можеби, па во некое утро застанало момчето пред својот татко и, копајќи со врвот на опинокот пред себе, сцрвено и бушаво од сон, рекло дека може да се почувствува со рака и уште повеќе да се чуе со уво: русокосата женичка носи под градите живот, ќе биде или внук или внучка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)