жртва (имн.) - и (сврз.)

Сите тие дополнувања што ќе се придодаваат кон понапрешниот руско-австриски проект за реформи не само што не чинат 100000 обездомени души, 3-5000 човечки жртви и полно обескуражување на жителството во Македонија, ами не чинеа ни 100 човечки жртви.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Слободата ја добија Бугарите со најмали жртви и усилби; неа им ја подарија Русите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Заборавиле копуците дека кога ќе решат да пронајдат во себе доволно сили да пресудат, без да се обидат да ѝ се приближат на вистината, дека токму тогаш ќе се разбудат другине, кои ја претпочитаат умноста и кои се спремни да ја прифатат разликата помеѓу жртвата и насилникот?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Пред мене лежеше спружена мојата невина жртва и трепереше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Истиот оној Ренан кој го побиваше погубниот поим на втемелува­чкиот договор сега нацијата ја претвора во предмет на премолчен договор што секојдневно се создава меѓу оние што ја прават: „Нацијата е, значи, израз на цврста солидарност која е создадена од свеста за поднесените жртви и спремноста тие и понатаму да се поднесуваат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да се сетиме како Бошњаците коишто престанаа да ја играат улогата на жртва и почнаа да се вооружуваат брзо беа прозвани како исламски фундаметалисти!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)