жртва (имн.) - во (предл.)

Тоа беше некој вид принесување жртва во слава на Христовото рождество.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш за божиќните празници, допуштено беше да се улови и убие и најсветата птица, гугутката, или уште како што ја викаат во некои Пелагониски краишта, во Леринско, галицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Така во почетокот требаше да биде и со жртвите во филмот “The falls”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Инаку, Џони беше ситно дилерче на трава што работеше за маалските џандари, но во случајов беше само ебана жртва во акцијата на полицијата. Колатерална штета, јеби га.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Еден од многуте мажи жртви во земјава кои од срам не се осмелуваа да проговорат и завртат на Сос телефоните.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се разбира, Варшава, која даде големи жртви во војната, е сета во споменици, железни спомен- плочи и слично, кои новите генрации го потстуваат за тоа дека овој град - маченик, страдалник и херој, некогаш физички уништен од Хитлерова Германија, успеал да се издигне од пепелта на уништувањето: поубав, полн со сите свои знаменитости од минатото, кои биле, кои и денес се украс на овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Камилски на крајот предложи, сепак, да се состави листата на опасните османизми и на прво место да се најде душманот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко имаше во својата библиотека повеќе книги кои се однесуваа на Евреите и еврејството, беше обземен од нивниот повеќемилениумски егзил, од нивните апокалиптични страдања, посебно од инквизицијата, холокаустот и невините повеќемилионски жртви во концентрациските логори на смртта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко долго време ги проучуваше Тората и Кабалата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој го дополни Татко со кажувањето дека душманот можел да се смета дури и за државен непријател, за жртва во крвната одмазда, за шовинист, екстремист, националист, непријател на другиот, и што уште не!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се надоврза на претходно изнесените податоци за зборот кодош, запирајќи на личното искуство: Во животот видов многу маки од кодошите, имаше меѓу нив што ги знаев, а ме кодошеа, имаше и кодоши кои не ги знаев, бев нивна постојана жртва во војна и во мир.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сталин тоа не го разбрал и ја продолжува градбата што ќе предизвика милионски човечки жртви во Русија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сталин беше прогласен за врховен виновник за милиони, милиони невини жртви во земјите на СССР и неговите сателити.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како исклучив идеалист многу лесно станува жртва во стемпедото на идиотизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За вдишувањето на годините по раѓањето За заминувањето пред облакот пчели За ноќта обесена на прозорецот За модрите движења во огледалото (остаток од бујатото растење) За животот во мртвата природа - Книга на животот За отвореното писмо со зарипнат глас За меурот во зелениот аквариум За пропуштените луѓе во бескрајот За полиците на кои се задава коњица (фрагмент од непрочитаниот роман) За животот на жртвата во темелот - Книга на животот За студените светови во мртвороденото Јас За узурпација на просторот за летање За сенката што оспорува и простува За мониторот што емитува срце (интермецо на илузијата во траење) За животот претпоставен од живите - Книга за животот
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Човеку, а колку жртви во името на тој Исус! Плачкосувања и убивања на неверниците! Колку болести и бесмислени несреќи!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Од тие причини, тој застанал на становиштето дека се излишни сите натамошни жртви во "игра" што Британија ја губи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во втората половина на 1944 година, Черчил ја зацртал британската политика на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во самиот напад таа се немаше здобиено со повреди, но додека (зад својот гол грб) ги сечела лисиците од изолир-трака со назабениот нож за леб ја огулила кожата од едната подлактица, такашто Френк тивко ги исчисти црвените точки и барички од кујнските плочки доде­ка Џоен ја возеше и тешеше жртвата во остатокот од ноќта, а утредента ја играше својата улога на дедо во тешката претстава на нормалност-поради-децата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Благословено е делото на Јуда Макаби, врви низ главата на Елеазар бен Цви повторената бенедикција за Макавеецот, зашто Господ прави чудо и менората со она малку масло наместо само еден, гори цели осум денови и го осветлува и осветува Домот на Севишниот и Единствениот бог на кој одново му се принесуваат жртвите во Хамизбеах.  Раби Елеазар бен Цви не гледа веќе прикази.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Писателот Ален Боске пишувајќи за книгата толкуваше дека козите со козарот Чанга завршиле како жртви во утробата на ридот под тврдината, а авторот се надоврзал на познатата балканска традиција на жртвување на мајка со рожба со изговор за истрајување на големите градби како храмови, мостови, тврдини.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како да се најдов пред жртва во глувото балканско време, решена да ме доразбере, да ме дослуша докрај.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Заѕиданата мајка, принесена како жртва во темелите на мостот, на тврдината, од страна на своите девери, за да не се урива градбата, барала да се отворат дупки за да може низ нив да се дои чедото од градите на мајката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)