жртва (имн.) - бев (гл.)

Беше тоа страшна историска непогода, а не нешто што има врска со нас и со тоа кои сме – па, така, нашата емотивна реакција на неа исто така немаше никаква врска со нас или со тоа кои бевме како геј-мажи, освен кога колективно нѐ обвинуваа за самата епидемија чии жртви бевме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Жртвата беше немоќна. Немаше со кого да зборува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ваквата жртва беше најприфатлива.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Си сугерирав мотиви за издржливост при помислата дека мојата жртва беше толку епизодна и безначајна, при помислата дека во оваа земја се жртвувала среќата на милиони градители, се жртвувале многу нивни животи, се остварило едно од најмасовните жртвувања на Балканот, според волјата на идеолошкиот Бог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)