жито (имн.) - се (зам.)

Блиску до играчката- воденица за мелење на жито се наоѓаше дрвена кутија обоена зелено во која го чуваше цревото за полевање за да го заштити од сонцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во моето село пак гумно се гласи, на небото горе пак солнцето пече, во селото мое пак снопје се носат, пак жито се врши и потта пак тече...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Во гумното Вендиоско житото се чукало на земја, и само се веело. Се отсејувало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Над бујните жита се носеше тенко детско гласче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)