жири (имн.) - комисија (имн.)

- Оти можеш да им поткажеш на оние кои ги составуваат жири комисиите да ме земат во предвид.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Сакам да сум жири. - Жири? - Член на жири комисија на некои од театарските фестивали.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Однадвор салата му изгледаше сосема обично, но кога излезе на сцената непријатно се изненади: наместо најавената жири комисија спроти него стоеја неколку водачи на африканско племе што не можеше точно да го препознае.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Оценувачи повеќе - нема (овде ги изоставам жири комисиите составени за доделување на неколку државни награди).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)